Надојдените води на Треска, по вчерашните интензивни врнежи од дожд ,предизвикаа излевање на реката во селата Лисичани, Вранештица и Пласница, а во текот на денот се излеа и кај Македонски Брод од Пешна до село Девич.

Треска по вчерашните интензивни врнежи од дожд, се излеа од своето корито во текот на попладнето кај Македонски Брод. Поплави поголеми површини ниви и ливади од мотелот Пешна до село Девич, каде се полавени повеќе десетици хектари плодно земјиште, истакна Далибор Мисајлески, жител Македонски Брод и додаде дека поројните дождови тешко го оштетиле патот до Рамне.

Силните врнежи од дожд покрај излевањето на Треска ги оштетија патиштата до повеќе села во Поречијата.

Патот до село Рамне, кој нема асфалт, од силните буици вода е тешко оштетен и со моторно возило е невозможно да се стаса до селото, додаде Мисајлески.

Во Македонски Брод, Треска порасна до висината на мостот, каде се мери нејзиното ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.