Државите од Западен Балкан ќе доживеат вистински пад на бруто домашниот производ (БДП) од 4,8 проценти во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, а најлошо се чувствуваат Црна Гора, Косово и Албанија, се вели во најновата анализа на Светска банка.

Според таа проценка, објавена денеска, Србија, БиХ и Северна Македонија ќе претрпат најмала штета.

Редовниот економски извештај на Светска банка (РЕР) ги коригираше проценките направени во април, со оглед на новиот бран на пандемијата и последиците што претходно беа невозможни да се предвидат.

Прогнозите за пад на БДП сега се во просек полоши за 1,7 проценти, но има големи разлики меѓу земјите.

За Црна Гора, негативната стапка на БДП се проценува на дури 12,4 проценти, додека за Србија и БиХ е 3, односно 3,2 проценти.

Лошите прогнози за Црна Гора донекаде ги омекнуваат проценките дека државата најбрзо ќе закрепне меѓу сите земји од Западен Балкан во 2021 година, па Светската банка предвидува стапка на раст на БДП од 6,9 проценти.

Анализите за следната година се исто така оптимистички за Албанија, која може да забележи раст на БДП од 5 проценти, додека за другите земји во регионот се предвидува стапката да се движи од 3 до 3,7 проценти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.