Светска банка ја ревидираше стапката на економски раст во Македонија за годинава од 2,9 на 3,1 отсто. Во најновиот регионален извештај оценува дека Македонија и Косово се единствените земји во регионот на Западен Балкан во кои има позитивни трендови кај растот за разлика од другите држави во регионот кај кои има забавување.

Како што беше посочено на денешната презентација на извештајот во Скопје и во наредните години се очекуваат позитивни трендови и проектиран раст од 3,2 во наредната и 3,3 во 2021 година. Ова е презентација на 16. издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.