Повеќе од 15 дена не функционира дел од светлостната сигнализација на аеродромот во Скопје.

Се работи за дефект на „ПАПИ“ светлата за слетување кои се дефектни изминативе две недели. Вработените повеќе пати алармирале за дефекетот, а поплаки имало и од пилотите кои имале проблем со слетувањето на аеродрот, но од надлежните нема никаков одговор, пишува Инфомакс.мк.

Имено се работи за „Индикатори на писта за прецизно слетување’ или скратено „ПАПИ“, истите служат како индикатор за аголот на слетување.

Изворот на „инфомакс“ е поранешен вработен во компанијата кој посочил дека изминативе неколку месеци се отпуштени голем број вработени кои биле пред пензија.

Изворот вели дека буџетот на компанијата е празен и токму тоа го посочува како причина што не се одржува светлосната сигнализација и се намалува бројката на вработени во компанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.