Министерот за Транспорт и врски Сугаревски избега од дуел на 24 телевизија со Синиша Ивановски на тема новиот закон за легализација за кој што ВМРО ДПМНЕ смета дека е деструктивен. Ивановски преку фејсбук статус му порача на Сугарвески дека соочување со него може да избегне, но од соочување со граѓаните на 12ти Април не се бега!

Ова е линк од вчерашната емисија на ТВ 24 на тема новиот закон за легализација за кој што ВМРО ДПМНЕ смета дека е деструктивен, има премногу недоследности како и тоа дека е закон скроен да се влијае врз дел од електоратот.

За жал предлагачот на овој закон министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски не се појави да го образложи законот и да се соочи со нашите аргументи.

И не само вчера, ова е трет пат во последните два месеца министерот да откаже дебата со мене откако претходно ќе потврди учество во емисија. Тој си знае зашто. Но демократски е да се судрат аргументите и фактите на две страни.
Соочување со мене може да избегне, но од соочување со граѓаните на 12ти Април не се бега, напиша Ивановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.