Целосната сума или до 60.000 денари за инвертери ќе биде покриена од ЕСМ, информира директорот на компанијата Васко Ковачески. Вели дека сѐ уште не е донесена конечната одлука, но ќе бидат одвоени од 3 до 4 милиони за оваа мерка.

Во однос на интересот на Македонија да се вклучи во нуклеарната електрана Белене во Бугарија, министерот Бектеши вели дека деталите ќе се знаат кога ќе почнат преговорите со бугарските власти. Со оглед на тоа што државата сака да се вклучи до 10 отсто, тоа би значело дека ќе добиваме струја колку што произведува еден блок во РЕК Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.