Производителите на тутун од пелагониското село Добрушево, страв во коските имаат поради ниската откупна цена на тутунот од годинешната реколта. Месец дена, ги чуваат залихите неможејќи да поверуваат дека тобако- компаниите досега просечно понудија по 2,5 евра за килограм предаден тутун, објави Алфа.

Спрема ланската година е катастрофа е со тутунот. Не само јас туку и сите други се незадоволни, а незадоволството е огромно и како ќе се живее со 300. 000 денари годишно, а ниту еден не е вработен од четиричлена фамилија. Ситуацијата ќе биде многу тешка. Имам предадено мало количество оти не сум задоволен, па ќе чекам ако нешто се подобри ситуацијата. Ама, како што оди, на полошо е – рече Зоран Груевски, тутунар од с. Добрушево.

Николче Илиевски смета дека проблемите настанаа со измените на Законот за тутун минатата година, кога се дозволи увоз на тутун, а министерот за земјоделство не треба да продава демагогија, бидејќи Владата не може да изигрува медијатор, кога по сите основи е инволвирана во тутунопроизводството со регулативи, субвенции се до откуп, вели Илиевски.

Доколку немаат кредит кон откупувачите, да седнат и под итно да ги решат проблемите на тутунопроизводителите, бидејќи како што оди монеталната ситуација, покрај оние четристотини илјади народ што се на работ на сиромаштија, слободно можат да ги додадат и овие 130. 000 тутунопроизводителеи – рече Николче Илиевски, тутунар од с. Добрушево.

Закажана средба со премиерот Заев за во четврток е неизвесно каков исход ќе донесе, меѓутоа огорченоста и неизвесноста растат, создавајќи потенцијална опасност од социјални немири, што досегашните протести и блокади ги навестуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.