Иако имунизацијата против Ковид 19 во нашата држава е на доброволна основа, дел од вработените се ставани под притисок од работодавците да се вакцинираат.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија за весникот ВЕЧЕР информираат дека добиле пријави од работници во три компании дека работодавците им се закануваат за да ги присилат на вакцинација.

-Досега до ССМ се пристигнати пријави и барања од работници од три компании кои се со странски капитал, а каде што имало обид од страна на работодавачот со закани и присилба да се натераат работниците да се вакцинираат, на што навремено е интервенирано од страна на ССМ, поради тоа што личната определба на работниците за вакцинација треба и мора да биде резултат на нивната информираност, а ние како ССМ тоа и го правиме во изминатиот период, велат за весникот ВЕЧЕР од најголемиот синдикален сојуз.

Додаваат дека по нивната интервенција работодавците се воздржале од примена на такви непопуларни мерки.

Од друга страна, укажуваат дека има и такви работодавци кои ги попречуваат вработените во намерата да се вакцинираат со тоа што не ги пуштаат од работа иако имаат закажан термин. Во ССМ стигнале и такви пријави.ивен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид- 19.


Извор Вечер прес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.