Однадвор велат дека економијата македонска лази по земја, дека е неспособна, дека е импотентна, дека не е либерална, ја оценуваат со нула, истакна кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Кисела Вода.

Таа додаде дека секој ден македонскиот народ слуша како власта се фали дека е успешна на секое поле, за што ќе добиеле дури и Нобелова награда за мир.

Се фалеле со зголемена вработеност, но никој не знае која е бројката на вработените. Никој не знае дали бројката со која власта се фали се однесува на државната и јавна администрација или навистина се однесува на директен ангажман во производниот процес. Но за второто сигурно не е, бидејќи никој нема слушнато за капитални инвестиции во Македонија од којзнае кога. Вработувањата се врз основа на непотизам, врз основа на фамилијарност, а ни малку не врз основа на стручност и компетентност. Од таквите вработени никој нема полза, освен власта бидејќи може да ги користат како гласачка машина. Тоа е армија на луѓе што троши наши пари. Армија на луѓе што не знае како се скицира пат кон ЕУ, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.