Во текот на денешниот ден, повеќе од 1.100 македонски стопанственици беа вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум.

Тимовите на Стопанската комора на Македонија, распоредени во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија, на граничниот премин Табановце и во дежурната служба во просториите на Комората, во текот на целиот ден ги преземаа сите потребни активности за процесот да тече непречено и без застои, според дефинираниот распоред.

Во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум вакцинација за повеќе од 4.000 стопанственици од Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора се реализираше и во просториите на Саемот во Белград.

Со оваа акција, Коморскиот инвестициски форум и сите стопански комори од регионот со доследна примена на мотото “Еден регион, една економија”, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување.

Стопанска комора на Македонија 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.