На денешната прес-конференција, портпаолот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски рече дека Зоран Заев го полни буџетот кој го испразни за криминални тендери од џебот на граѓаните и стопанството.

Покачената акциза на Заев и Ангеловска удри и по граѓаните и врз стопанството. Штетите ќе одат и до 178 милиони евра на годишно ниво само заради покачувањето на акцизата.

Заев го отежна и поскапе и товарниот превоз. Заев од џебот на превозниците кои се главната алка при извозот и увозот во Македонија зема и до 40 милиони евра на годишно ниво.

Во услови кога имам проблеми на светско ниво со превоз на стока владата наместо да им помага на транспортерите таа им одмага.

Трошоците заради покачената акциза на месечно ниво за камион кој врши внатрешен транспорт на стока се зголемени и до 350.000 денари, односно за околку 6.000 евра. Доколку тој камион врши транспорт на стока на релација Скопје – Келн, која е околу 2000 километри и врши 6 тури на месечно ниво трошоците само заради покачување на акцизата ќе треба да биде околу  2.100.000 денари повеќе, односно 35.000 евра. Трошоците за целиот сектор на месечно ниво се зголемени во висина од 33.678.000 денари до 202.068.000 денари зависно од релацијата. На годишно ниво транспортниот сектор ќе плати и до 2.424.816.000 денари, односно 39.427.902 евра повеќе само заради покачената акциза од Зоран Заев.

Со зголемувањето на акцизата Заев им зема и на земјоделците. Земјоделците на годишно ниво треба да платат и до 2.729.202.000 денари, односно 44.377.268 евра повеќе затоа што Заев решил да го полни буџетот на нивен грб. Имено земјоделец со 5 хектари земја за еднократна обработка на истото ќе потроши во просек 20 литри гориво на хектар односно 100 литри за 5 хектари, тој само заради покачувањето на акцизата ќе плати 350 денари повеќе за еднократна обработка. Доколку во текот на годината има од 10 до 15 операции на нива трошокот само врз основа на покачената акциза ќе биде 3500 – 5250 денари, доколку се земе во предвид дека во државата има 519.848 хектари обработлива површина како што е нотирано од ДЗС доаѓаме до бројката од 44.3 милиони евра.

Погодени се и фирмите кои се занимаваат со дотур на роба на државно ниво, но и со превоз за сопствени потреби. Имено во државата се регистрирани 37.005 товарни автомобили, кои трошат и до 7 литри на 100 километри, доколку се земе дека истиот во просек поминува и до 4.000 километри на месечно ниво доаѓаме до сума од 112.000 денари ,односно скоро 2000 евра кои што фирмата ќе треба да ги плати само затоа што на Заев му текна да ја покачи акцизата. Тоа на годишно ниво за целиот приватен сектор значи и до 49 милијарди денари, односно 80 милиони евра.

На удар на Заев се и граѓаните. Во Република Македонија во 2018 година се регистрирани 415.051 патнички автомобили, поголемиот дел од нив сопственост на граѓаните. Доколку претпоставиме дека едно просечно македонско семејство троши околу 50 литри гориво на месечно ниво и таа бројка ја помножиме со 3.5 денари колку што изнесува покачувањето на акцизата и со бројот на патнички автомобили доаѓаме до бројка од 72.633.925 денари, односно 1.2 милиони евра, пари кои граѓаните треба да ги платат заради покачувањето на акцизата на Заев и Ангеловска. На годишно ниво граѓаните кои возат автомобили покачената акциза ќе ги чини 871.607.100 денари, односно 14.2 милиони евра.

Нема дел од стопанството кој не е погоден од покачувањето на акцизата. Заев и криминогената влада го цицаат и последниот денар од народот.

Потребна е итна стратегија за излез на државата од бездната во која не фрли СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, рече Стоилковски.

 

На новинарско прашање како ги коментира платежните картички на граѓаните во пресрет на изборите, Стоилковски рече:

Се мисли на оној план на Зоран Заев кој го објаснуваше претседателот на партиската комисија господинот Битиќи. Се работи за чиста идеја за поткуп во рамки на предизборието која ја турка Зоран Заев, им ветува пари на граѓаните, им ветува она што и претходно го ветувал како 500 евра или тринаесетта плата, што не се изнаслушавме од Зоран Заев, а од тоа гледаме дека нема ништо. Според експертите во областа на банкарството од областа на платежните картички и безготовинското плаќање, речиси невозможна е ова мисија да се издаде картичка за еднократна употреба којашто би се користела на територија на цела Република Македонија, односно тоа може да се случи, но ќе чини многу повеќе од она што Зоран Заев сака или го нуди го ветува, го лаже народот во предизборието. И тоа од изработка на картичка којашто би се користела само во Република Македонија преку договори со банките, до штелување на пост терминалите секаде каде што постојат пост терминали, односно секаде каде што ќе треба да се тргува со тие картички, за препознавање на таа домашна издадена картичка да не спомнувам имиња на компании кои работат со без готовинска трговија и кои што се вклучени во изработка на картички и во одржување на пост терминалите во секој случај сето тоа, изработката на една картичка за една употреба ќе чини од она што како помош би го дале од 3000 денари до 150 евра. Сето тоа во услови на празен буџет, се на се од ова ветување од арсеналот на предизборен поткуп на Заев нема детали како сето тоа би се спровело и затоа одам во една ваква анализа, но тоа што е важно дека советникот на Заев, Битиќи како и претседател на партиската комисија, вели дека овие  платежни картички би се користеле кон крајот на август или почетокот на септември кога ќе паднела здравствената тензија, што е спротивно со она што го кажува Заев туркајќи избори.

На прашањата: Бидејќи се надевате на консензус дали ќе предложите некој датум со кој и се согласиле сите страни средина на јули? и Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има конечен став за изборите и дали Мицкоски планира консултации со лидерите на други политички партии?, портпаролот одговори:

Што се однесува до консензус, неблагодарно е да се прави консензус врз здравјето и животот на граѓаните и неблагодарно е да се лицитира со датуми врз здравјето и животот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е победник на претстојните предвремени парламентарни избори, но тоа нема да го направи врз здравјето на граѓаните, консензус во однос на датумите не смее да се одрази врз здравјето и животите на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.