Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и УЈП мора да направат истрага за парите кои што стојат зад скандалот со ШИК Јелак – Тетово и за тоа да испратат информација до ЈО! Овие институции мора да покажа и да истражат за потеклото на 2 милиони евра, пари од основачкиот влог, со кои што е отворена компанијата на Миодраг Дака Давидовиќ во Македонија која што стои зад скандалот ШИК Јелак, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалот ШИК Јелак од ден на ден расте се повеќе, излегуваат се повеќе информации, ама тој е невидлив за овие институции кои што мора да бидат активни! ШИК Јелак во себе содржи елементи на криминал и на висока корупција, содржи елементи на поткуп, нетранспарентно финансирање на СДСМ, содржи елементи како во земјава влегуваат црни пари од Панама и постојат елементи на поврзаност на владата на Мафијата директно со докажани анти ЕУ и анти НАТО балкански мешетари! Парите со кои е купен ШИК Јелак, парите заради кои Заев нарачува менување на ДУП-от, парите кои што стојат зад сиот скандал доаѓаат од ОфШор фирма од Панама, каде сопственик е Миодраг Дака, заедно со двајца фиктивни физички и правни лица и чии што потписи стојат на уште 8-9 илјади такви фирми! Тоа само по себе зборува дека се работи за можеби фиктивна фирма на Панама со претпоставена цел, покритие на можеби нечесно стекнати пари на Миодраг Дака Давидовиќ, вели Стоилковски.

Тој прашува дали со ШИК Јелак Заев и Ахмети во Tетово перат црни пари од Панама? Дали зад ова нема перење пари, тоа треба да го докажат токму соодветните институции, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и УЈП. Се друго е криење и со тоа соучество!

Ова е милионски скандал со огромна можност за политичка вмешаност во криминогени дејства, однапред договорени владини одлуки, влијание на Заев врз општински советници за промена на ДУП, а целиот скандал фрла правен сомнеж за политички цели, за можно носење на политички одлуки за имотно- правна корист, за злоупотреба на службена положба, и што ли уште не согласно 353 од КЗ на Република Македонија. Институциите повеќе не смеат да молчат, ова е огромен скандал којшто носи можност за заработка и крие можеби политичко влијание и злоупотреба на службена положба и овластување, рече Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.