Надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, (корисници на надомест за помош и нега од друго лице, надомест заради попреченост, стари и немоќни лица кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси), а имале трансакциска сметка во „Еуростандард Банка“, информираат од Министерството за труд и социјална политика. За овие лица, кои во рокот не биле во можност да отворат сметка во нова банка, ќе има нови датуми за исплата.

За отварање нова трансакциска сметка во друга банка, близок сродник или лице кое се грижи за корисникот може да поднесе барање за назначување на старател за посебен случај до центарот за социјална работа. Кон барањето се треба да бидат доставени и копија на Извод од матична книга на родените, за корисникот, копија на Извод од матична книга на родените, за лицето кое се назначува за старател за посебен случај, лични карти на увид (за корисникот и лицето кое се поставува за старател за посебен случај), медицинска документација за корисникот, како и лекарска потврда за психофизичка состојба од матичен лекар за лицето кое се назначува за старател за посебен случај.

Доколку подносителот на барањето нема копија од Извод од матична книга на родените и медицинска документација за корисникот, нив центарот за социјална работа ги обезбедува од досието на корисникот за оствареното право.

Од Министерството информираат дека ќе има дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците кои беа клиенти на „Еуростандард банка“, а кои во дадениот рок 25 август не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права, која се реализира овие денови.

На координативниот состанок со банките, МФ и НБРМ било договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година, да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.