СДСМ е партија која ја води Заев аболициран за криминал кој јаде со златни лажици, додека народот нема ни за леб.Функционерите на власта наместо да го работат тоа за кое што се платени со народни пари, тераат партиски агенди.

Ете затоа Македонија нема ни една вакцина и е последна во регионот и Европа која ќе почне со имунизација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија Македонија е на врвот по корупција во Европа и е на 111 место на листата на Транспаренси полоша дури и од Буркина Фасо и Брегот на слонова коска.

Ете затоа во Македонија владее хибриден режим и затоа сме најсиромашна и најнесреќна земја во Европа.Ете затоа јавниот долг се зголеми за над 1 милијарда евра за неполна година и ја надмина психолошката граница на долгот над 60% од БДП.Во Македонија стапката на странски инвестиции е најниско ниво во регионот со 58 евра СДИ по глава на жител.Ете затоа невработеноста расте за 55 илјади нови невработени лица, а уште 50 илјади не земаат редовно плата.Ете затоа Македонија со СДСМ и Заев е црна точка, бидејќи партиските интереси ги ставаат пред државните-обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.