Дополнителниот министер за администрација Невена Стаменковска денеска се сретна со претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија  Благоја Ралповски.

На средбата беш истакнто дека предложените законски решенија се дерогираат правата на вработените во администрацијата и дека под итно треба да се претстане со притисоците и заканите кон администрацијата.

Откази на синдикални претставници, притисоци врз членството на сите можни начини, несигурност заради не постапување на надлежните институции, несигурност заради честите измени на законите на штета на административните службеници и маргинализирање на нивното учество при креирање на политиките поврзани со вработените во државна и јавна администрација.
Од моја страна пренесов мои согледувања и забелешки на законот, начинот на комуникација со синдикатите, наместо декларативен и потценувачки ќе се заложам за отворен и искрен дијалог. Веднаш ќе упатам задолжение со молба до раководителите на институции за доследна примена на законите и да запрат со притисоците и заканите. Подготвена сум со мојот кабинет, да ги посетам институциите и да се уверам односно да констатирам дали постои единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавни службеници.
Ова е првичен состанок кој произлезе поради неспособните функционери кои раководат со институциите и кои не си ја завршиле примарната работа и обидот на Владата со анкетни листови да ги заобиколи обврските согласно закон, правилник и методологија за изработка на функционална анализа во државните и јавни институции. Ќе продолжиме со отворен и искрен дијалог на сите теми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.