Невенка Стаменковска, дополнителната заменик-министерка за информатичко општество и адмнистрација, предупредува дека се доведени во ризик илјадници животи на вработени во јавниот сектор, кои денеска тргнаа на работа. Според Стаменковска, поради непостоење протоколи за работа и за соодветна заштита на работно место, согласно со препораките на СЗО, денес Владата и функционерите на СДСМ ги втурнаа вработените а со тоа и граѓаните и државата во уште посериозна здравствена криза.

Упатувам апел до Владата веднаш да прекине со негрижата кон вработените во јавниот сектор, да преовладува разумот и да се овозможат мерки за нивна заштита.Упатувам апел сите вработени кои се распределени и патуваат надвор од местото на живеење да бидат вратени во матичната институција или веднаш да бидат ослободени од патување за да се заштитат нивните животи и нивните семејства. Хоронично болните, бремените жени, лицата кои се самохрани родители…. веднаш да бидат ослободени од работа, а функционерите на СДСМ за кои добив известување дека не ги почитуваат мерките и препораките веднаш да бидат санкционирани и повикани на одговорност, напиша Стаменковска на фејсбук.

Таа апелира да се работи од дома и онлајн, освен за институциите каде навистина има потреба од физичко присуство на вработените, но притоа да се примени принципот на ротација ндо не повеќе од две лица присутни во иста просторија.

Ја повикувам Владата да покаже барем во овие моменти малку совест, одговорност и разум и веднаш да пристапи кон преземање мерки за заштита на здравјето на вработените во јавниот сектор и на граѓаните. Се надевам дека во овие тешки моменти кога Македонија се соочува со подем на пандемијата на коронавирусот, Владата ќе ја прифати подадената рака за да се избориме со пандемијата и ги заштитиме илјадниците животи на вработените во јавниот сектор и на граѓаните во Македонија, пишува Стаменковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.