Сојузот на синдикатите на Македонија бара за прв човек на Министерството за труд и социјална политика да се постави човек кој ќе знае да ги реши проблемите на работниците. Тие сметаат дека работодавачите веќе имаа свои министри во владите, а сега е редно времед на таа фотеља да седне и синдикалец.

Деновиве слушаме дека за Министерството за труд и социјална политика се водат ‚битки’ со одредени коалициони партнери во владејачкото мнозинство.
Сојузот на синдикатите на Македонија најодговорно тврди дека ресорот труд и социјала треба да го води човек кој знае како да ги реши проблемите на работниците – важна е компетенцијата, а исто така важно е да ги познава процесите кои се водат за донесување на нов Закон за работните односи, нов Закон за безбедност и здравје при работа, нов Закон за мобинг и сл., за да не се случи овие процеси кои се водат веќе и по три години да започнат одново и да траат премногу долго, а на штета на работниците! На мандатарот за нова Влада му укажуваме дека доколку се избере таков човек, ние синдикатите ќе знаеме дека оваа Влада (и сите нови влади што следат) им мислат добро на работниците! Потсетуваме дека во изминатиот период равотодавачите имаа министер во Владите од своите редови преку коморите, па редно време е работниците да добијат министер, синдикалец од нивните редови, велат оттаму.

Дел од медиумите веќе објавија дека на местото на Јагода Шахпаска во Министерството за труд и социјална политика би дошла Јована Тренчевска, која сега е директорка на Државниот инспекторат за труд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.