Техничкиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, директорката на УЈП Сања Лукаревска, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и Кристина Ампева од невладината „Гласен Текстилец“-Штип, денеска ја посетија текстилната конфекција „Албатрос“.

Техничкиот премиер, Спасовски кажа дека е горд што Владата успеа во изминатите две и пол години за 60 проценти да ја зголемија минималната плата, но почнале и значајни процеси, кои како што рече ќе ги продолжат и понатаму и тоа во делот на помагањето на економијата и на работодавците, но од друга страна и да се заштитат работниците и нивните права.

-Меѓутоа не застануваме тука, туку со дијалог ќе продолжиме понатаму да ја зголемуваме минималната плата, како што ќе се менуваат и условите за водење бизнис во државата и како ќе расте економијата. Навистина многу значаен момент е тоа што за првпат веќе се изедначува минималната плата за сите гранки и за кожарската индустрија и за текстилната индустрија, што досега не беше случај. Затоа благодарам на сите и на работодавачите и на работниците за дијалогот, којшто го направивме и ги постигнавме овие заеднички успеси и резултати, вели Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.