Техничкиот премиер Оливер Спасовски во своето гостување на Канал 5 кажа дека се размислува во наредните два месеци да се воведат нови мерки, покрaј во здравството и во областа на економијата, Спасовски во својата изјава кажа дека се размислува и за предлогот кој Заев го кажа, односно за кратење на платите во администрацијата на минималец, а исто така потенцира и дека ако се воведе оваа мерка, таа ќе важи и за функционерите. Тој смета дека сите треба да бидат солидарни во оваа кризна состојба во државата, поради што мерката кратење на платите на администрацијата за него би била оправдана.

Многу работи ќе гледаме да ги скартиме во буџетот, ќе кратиме можеби дел од капитални инвестиции, иако не сум многу затоа да се кратат. Патувања, дневници, други расходи, купување возила, мебел, не суштински работи без кои државата може да  помине низ оваа криза,односно да не се дадат тие финански средства. Има  предлози да се стави на минималец платата во администрацијата. Дека треба да има кратење треба да има,  е една од тие опции е минимлана плата, за ова очекувани се рекациите и од партиите. Знаете дека имам формирано економски совет, сите тие мерки добро се аналзиираат, тоа може да биде одлука за овој месец. А во иднина може да има и построги мерки. Секако една од мерките треба да биде и кратењето, сите функционери исто така треба да бидат донесени до минимална плата. Ако сакаме да имаме солидарност треба да тргнеме прво од себе, рече Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.