Парите кај граѓаните – исполнето!, вели советникот на Зоран Заев и партиски функционер, Марјан Забрчанец, додавајќи дека на повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, „За живот во Македонија”, е целосно исполнет.

Дополнително, социјалната помош е покачена за 300%, земјоделците точат нафта поевтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5% и следуваат субвенции за бесплатни инвертери за еколошко греење во домаќинствата. Сѐ ова е насочување на парите кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет.

 

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, судство кое гони и покрева одговорност за секого, вели Забрчанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.