На социјалните мрежи доцна синоќа се појави информација дека сопругата на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски, Катерина Котевска, од минатата недела е вработена во УЈП.

И викате дека од професионални и морални причини дал оставка Котевски, директорот на затворот во Шутка, м?

Епа чим е дечкото толку голем моралиста, кажете му да биде до крај транспарентен и морален, и да го повлече вработувањето на неговата сопруга во УЈП.
Вработена пред 5 дена, пишува во пост објавен прес половина час.

„Република“ стапи во контакт со директорот во оставка Котевски, кој не сакаше во сабота да ја коментира информацијата.

Сабота е, собрани сме седум луѓе, работиме, морам да го завршам она што го ветив. Јавете се во таа институција, има таму директор, рече Котевски мислејќи на УЈП.

На забелешката дека се работи за непотизам ако е вистина дека неговата сопруга се вработила пред пет дена во УЈП, Котевски нè потсети на ветувањето дека ќе го реализира барањето на премиерот Заев да си поднесе оставка.

Јас сум во оставка, за каков непотизам зборувате, рече Котевски, кој не беше во оставка пред пет дена кога наводно била вработена неговата сопруга.

Јавете ми се во понеделник, сè ќе ви одговрам, заврши тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.