Додека дел од роднините на владините функционери, кои беа вработени во државни фирми, под притисок на јавноста поднесоа оставки, многу од нив сè уште немаат абер да се повлечат. Додека Антикорупциска утврдува кој и што се смета за блиска роднина, сопругата на директорот на ЕЛЕМ, каде и се вдомени повеќето партиски синови и ќерки, не се откажува од столицата.

Како што неодамна објави „Макфакс“, Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски.

Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеца откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.

Директорката Бошковска-Јанковски изјавила дека Миновска била избрана на јавен конкурс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.