Со 68 гласа „за“, пратениците денеска на 116. собраниска седница го изгласа Предлог-законот за гаранција од државата за  Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопатот Кичево – Охрид, којшто ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта.

На вториот ден од дебатата пратениците спopеа за одолжувањето на изградбата на автопатот, за тоа дали се потребни клучките и колку тие се економски оправдани, но и за oбвинyвaњата дека проектот бил кpиминaлизиpaн.

Сами признавте дека трасата на автопатот не е згрешена, рече Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ за кого средствата предвидени за изградба на клучки за излез на локалните патишта се премногу големи.

Тој oбвини дека патот Штип-Кочани иако бил почнат многу порано на него не се работи, додека Штип-Радовиш се прави и тоа, како што рече Димков, бидејќи премиерот патува кон Струмица по него.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, го демантираше Димков велејќи дека не е точно тоа што го тврди за премиерот и оти клучките на автопатот им се потребни на локалните жители.

Пратеникот Трајко Вељаноски, иако изнесе низа забелешки, побара од Сугарески побрзо да се изгрaди оваа делница, со која се доцни веќе 2,5 години, бидејќи тоа е потребно не само за локалните жители туку и за туристите кои одат кон Охрид и тој регион.

Кога Сугарески бил во опозиција, како што рече Вељаноски, велел дека проектот е криминален, додека сега вели дека е добар.

Ги баравте трасата и тунелот, а ништо не сменивте во трaсата. Тунелот е истиот. За овие 2,5 години ништо не нaправивте. Нарушена е бeзбeдноста на тие што патуваат, а има и штeтa на тоа што е направено. Можевте да викате дека проектот е криминален, но требаше да продолжите да градите. Зошто од ноември 2018 ви требаше една година да го доставите овој закон во Собранието? Има шпекулации дека претходниот министер за финансии не сакал да го потпише овој закон, рече, меѓу другото, Вељаноски.

Рокот на изградба е до јуни 2021 година, но пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека тој ќе биде пробиен.

Министерот одговори дека нема дилема дека некој не сакал да продолжи работата на автопатот и дека не било измислено тоа дека проектната документација не соодветствувала со реалната состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.