Екологистите се незадоволни од распределбата на средства во Буџетот за 2021 година кои се наменети за животна средина и борба со аерозагадувањето. Еден од најголемите еколошки предизвици во земјава, високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 е нашата реалност и годинава. Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а како последица на тоа жители на многу градови во земјава и годинава дишат отровен воздух. Изминатите денови Кавадарци, Куманово и Тетово беа првите општини кои се соочија со загадување над дозволеното кое траеше повеќе од три дена, заради што во овие градови во сила стапија и посебни мерки, пишува Мета.

Иако имавме само неколку денови на располагање за да го разгледаме предлог буџетот за идната година и да доставиме наши предлози, сепак, сметавме дека овие 15 амандмани се однесуваат на многу важни еколошки прашања и очекуваме да бидат сериозно разгледани од институциите. Амандманите се однесуваат на решавањето на депониите, за изработка на неколку студии, за подновување на мерните станици и набавка на инструменти, за ажурирањето на катастарот на загадувачи и акредирација на државна лабораторија. Исто така го поддржуваме и барањето за вработување на осум инспектори во Државниот инспекторат за животна средина. Имавме и амандман кој се однесуваше на поставување на филтри на јавни институции кои се загреваат со фосилни горива, но тој веќе помина во расправата и беше одбиен“, информираат од О2 Иницијатива.

извор: Мета.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.