Министерот Бочварски и градоначалникот на општина Врапчиште извршија увид во градежните работи за реконструкција на патниот правец кон населеното место Зубовце.

Патниот правец е со должина од 2 км и се реконструира од страна на Министерството за транспорт и врски, со средства обезбедени преку заем од Светска Банка. Според договорот се очекува патниот правец во целост да биде завршен за седум месеци.

„Реконструкцијата на овој патен правец беше по барање на жителите и верувам дека со неговата санација ќе се обезбеди подобра комуникација меѓу овие населени места, но и поголема безбедност.
Би сакал да истакнам дека во овој момент со општината работиме и на реконструкција на водоводната мрежа за село Врапчиште, проект вреден 20 милиони денари. Преку овој проект се врши проширување на водоводна мрежа во со цел да се покријат сите делови на селото во рамки на урбаниот опфат а во согласност со новиот урабинистички план за с.Врапчиште.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот најави дека во втора фаза ќе се реконструира и патинот правец од Врапчиште кон населеното место Галате, исто така со поддршка од централната власт.

Градоначалникот на општина Врапчиште Исен Шабани во своето обраќање пред медиумите кажа дека овие инфраструктурни проекти ќе овозможат подобра комуникација меѓу населените места и ќе влијаат на зголемување на економскиот развој на општината.

На новинарско прашање за изградба на Коридорот 8 министерот потенцираше дека Владата активно работи на автопатските делници долж Коридорот 8.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.