Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со туристички и здравствени работници во Охрид, даде одговор на новинарски прашања. Едно од прашањата беше и за новото задолжување на власта.

„Две мерки кои што сметам дека се прилично тешки за македонската економија се прво новото задолжување со 700 милиони еврообврзница, и второ забраната од Владата и Народната Банка банките да делат дивиденди и добивка на своите сопственици, клиенти или акционери“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека двете мерки укажуваат на многу слаб Буџет и ваквото лошо располагање со Буџетот може државата да ја турка кон банкрот со големо задолжување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.