Со полициска асистенција утрово продолжи акцијата за уривање на дивоизградената платформа на кафетеријата „Ликвид“ во стариот дел на Охрид, објави порталот „Охрид1“.

Уривањето на платформата беше одложено неколку пати, заради тоа што сопствениците го затворале објектот, а пристапот до терасата е можен или од влезот или по воден пат.

Како што можеше да се види на терен, екипите за уривање утрово до објектот стигнале по воден пат, а акцијата започнала во 6 часот утрово.

Поголем дел од сопствениците на угостителски објекти во овој дел на Охрид покажаа свест и одговорно однесување и сами ги отстранија дивоизградените платформи, но за жал има и вакви случаи во кои мора државата да интервенира и да го заштити езерото и имотот на државата, т.е. на граѓаните од нелегална експлоатација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.