СДСМ и Зоран Заев откако го испразнија буџетот и ја презадолжија државата, сега ги зголемуваат даноците за народот да го плаќа долгот кој го направија.

Со ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Заев планира од ваквата мерка за половина година да собере скоро 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година.

Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев.

4 години со Заев, 4 години беспарица, 4 години украден живот. Доста е!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.