Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка состојба во државата, како и на економските прашања.

Николоски потенцираше дека додека власта ги манипулираше граѓаните и јавноста со актуелните случувања во врска со бегалецот, бројот на заболени од Ковид-19 расте, а вакцини за жал нема. Немањето на вакцини, односно спората набавка е резултат на слабата економија, бидејќи стопанството речиси да е згаснато во земјата и не функционира нормално.

Николоски додаде дека денешната одлука на НБРМ не е случајна и не е случајно одбран денот на кој ќе се соопшти одлуката, бидејќи целта на власта е ваквите важни моменти да се прикриваат со други повеќе популистички случаи како “Монструм” и пресудата на Сашо Мијалков. Со ваквите одлуки, властите директно признаваат дека Република Македонија е пред банкрот, а не дека е се сјајно како што тие упорно пробуваа да ја прелажат македонската јавност.

Забраната на осигурителните компании и банките да исплаќаат дивиденди на нивните акционери, не само што ќе ги оштети акционерите, туку тоа води до целосна недоверба во банкарскиот систем. Секој човек кој малку ги препознава овие сигнали, ќе замине веднаш да ги извади своите депозити, за да не му пропаднат. Тоа е преочигледно и жално е тоа што таквиот начин на соопштување е јасен дека Македонија е се поблиску до банкрот и лоша економска ситуација на подолг период, додаде Николоски.

Република Македонија веќе нема простор за задолжување, бидејќи Зоран Заев ја задолжи за 1 милијарда и 600 милиони евра за само две години и стопанствениците немаат сили да продолжат и да застанат на нозе, само поради неспособноста на Зоран Заев и на Владата кои што со својата некомпетентност и неработа ја доведоа државата на раб на егзистенција, односно во пропаст, истакна Николоски.

Република Македонија и македонската економија можат да се спасат само доколку оваа ненародна власт падне, а потоа веќе од септември да можеме да ги заживееме банките и осигурителните компании, за економијата да застане колку толку на нозе. Македонскиот народ е тој кој што треба да одлучи во каква земја сака да живее и дали заслужува подобар животен стандард, а не секојдневие исполнето со лаги и манипулации од страна на Заев и власта, заврши Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.