Професорот и член Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски упати жестоки критики кон Владата за мерките за помош на претпријатијата кои што се погодени од економската криза како резултат на коронавирусот, потенцирајќи дека истите се недоволни, задоцнети и изоставуваат голем број на претпријатија во државата. Професорот посочи дека оние претпријатија на кои што денес државата нема да им помогне, по завршувањето на кризата ќе ги видиме затворени, а тоа ќе значи дека илјадници македонски граѓани ќе останат без работа.

Мислам дека мерките се прво задоцнети, во неколку наврати ние укажавме на тоа дека се недоречени, необјаснети затоа што граѓаните и фирмите не можеа да се најдат себе си во очекуваната помош. А во економијата психологијата, особено социјалната е многу битна, односно очекувањата. Еве сега го имаме првиот таканаречен сет на мерки. Јас се согласувам со забелешките од повеќе стопански комори, некои од нивги слушнавме и овде, дека се испушта еден критичен месец март. Ние ги имаме првите знаци на опаѓање на економската активност во оделни сектори дури од крајот на февруари, не март. Да не зборуваме за состојбата по 13 март кога со одлука на Влада заради заштита на здравјето на граѓаните и стопирање на ширењето на заразата со новиот коронавирус се затворени цели дејности, угостителството, туризмот, транспорт. Значи месец март не може да се пропушти без никаква поддршка. Очекувањата дека со кредит некако тоа ќе го премостат, особено малите, микро и средни претпријатија се нереални затоа што јас предуредувам на следново, може да се разбудиме после еден месец или два кога ќе се нормализира состојбата, голем број претпријатија десетици од оние кои што сега во моментов нема да им помогнеме, нема да ги видиме да се отворат. Втората поента е дека овие рестриктивни критериуми во однос на висината на платата, во однос на врзувањето за неотпуштање на ниту еден вработен до септември, мислам дека ќе ги одвратат фирмите од оваа помош и тие работодавачи ќе речат тоа е тоа, го гаснеме бизнисот и ги праќаме вработени во заводот за вработување. И трето она што партијата ВМРО-ДПМНЕ го промовираше во јавноста е дека помошта во висина од минималната плата е недоволна, требаше да се оди со поддшрка во висина од 50 проценти од минималната бруто плата што се сведува на 70 до 80 проценти од нето платата, вели Славевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.