Програмата е плод на три годишна  работа, тимот беше подготвен, а голем број експерти дадоа свој допринос. Влoжени се предлозите од бројни граѓани низ нашите средби, како и странски експерти, истакна денеска  од Битола Трајко Славески, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Програмата почива на 4 столба – ефикасна држава и силни институции, конкурентен приватен сектор,  интегрирана стабилна и безбедна земја , подобри услови за живот.

Нашата програма ги има следните цели – раст на БДП од 4- 5% годишно и покрај негативниот раст оваа година .Намалување на стапката на невработеност под 10% , зголемување на платите за 25% во период од 4 години, реално зголемување , не вештачко.  Домашните  и странски  инвестиции  од 4 милијарди евра за 4 години, извонза конккурентност , стабилни земјоделски субвениии, заштита на животниот стандард на пензионерите, зголемување на минимална плата .Пензиите редовно ќе се усогласуваат, по старата формула, а не како до сега.  Се обврзуваме за се што е тука напишано во „ Обнова за Македонија“ , изјави Трајко Славески, денеска од Битола на Промоција на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: Проект Обнова – се обврзуваме!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.