Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески во денешната дебата на телевизија Телма апелираше до соговорниот Кочо Анѓушев власта да не продолжи да ја покачува минималната плата, бидејќи тоа ќе направи нестабилност во компаниите и ќе создаде незадоволни вработени чии плати нема да се покачат.

Апелираме немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата. Тоа ќе донесе нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови, јавниот сектори, приватниот. Ве предупредуваме немојте да го направите тоа за доброто на државата. Немојте да си играте поради вашето незнаење. Да ја зголемувате така вештачки платата, создавате притисоци за зголемување на останатите плати, правите ршум во компаниите, вели Славески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.