ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за корисниците. На фактурите за месец април е поставен персонализиран QR код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга инстант плаќање и имаат можност брзо да го реализираат плаќањето без провизија.

ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие во служба на граѓаните ја зголемува достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку http://www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата поставени на неколку локации низ градот – СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.