Скапата струја која ја донесе Бислимовски на Заев му носи пари, нови мотори, мајбах возила и удобства, а на народот сиромаштија, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека премиерот Зоран Заев го поставил Беслимовски за да ја покачи струјата, и за да на Ковачевски му даде 6.4 милиони евра на спонзорот на СДСМ, Силјан Мицевски.

Марко Бислимовски е слуга на мафијата на Заев, прашањето е со што толку е задолжен Заев за да му удоволува на Бислимовски. Тој е долгогодишен функционер на СДСМ кој работи за бизнис интересите на Заеви, а не за народот. Марко Бислимовски е партиски функционер на СДСМ од 2011 година кога бил избран за член на Економско-социјалниот Совет на СДСМ. Бислимовски не го интересираат потребите и интересите на граѓаните. Него му е важно само неговите партиски шефови да бидат задоволни од неговата работа, стои во соопштението.

Регулаторната комисија за енергетика мора да биде независен орган, велат од партијата.

Марко Бислимовски е партиски функционер и мора да биде сменет од таа функција и заедно со неговиот предлагач да одговара за кpшење на Законот за енергетика. Тоа е предвидено во Законот за енергетика и член. 17 ст. 5, каде е нагласено дека претседателот не смее да биде функционер во политичка партија. Член 19 ст.6 т.2 од Законот за енергетика вели дека претседателот на РКЕ може да биде рaзрешен доколку извршил повpeда на обврските за нeпристрасност и нeзависност, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека во Регулаторната комисија за енергетика членува и Панче Орце по предлог на СДСМ. Тој е поранешен пратеник на СДСМ и директор на ЈПКД Комуналец Струмица.

Орцев како директор на ЈПКД Комуналец доделувал јавни набавки на фирмите од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци. Во тој период склучил договори за јавни набавки со фирмата Еленица тогаш во сопственост на братот и братучедот на Зоран Заев, со фирмата Тргопродукт која била во сопственост на братучетката и стрината на Зоран Заев, како и со фирмата Јавор Шпед која била во сопственост на бизнис ортакот на братот на Зоран Заев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.