Скандалозно и парадоксално до максимум. Во време на светска пандемија и вонредна состојба во државава, во услови кога илјадници луѓе остануваат без работа, кога се кратат плати и се бара парична помош од надвор, државата упорно си го тера проектот Мој ДДВ, Моја Награда.

Непромислено и неодговорно, Владата наместо да гледа како да го ја зачува економијата и да изнајде начин да вбризга што повеќе пари во стопанството, таа се расфрла со наградна игри и пари кои Управата за јавни приходи ги собрала од граѓаните. Додека илјадници семејства стравуваат за својот опстанок, живеејќи во дилема, дали ќе ги задржат своите работни места или пак ќе останат на улица, надлежните ноншалантно си ги тераат започнатите проекти, меѓу кои и наградата игра Мој ДДВ Моја Награда. На последното извлекување 15 граѓани кои скенирале сметки во март добија по 100.000 денари

Во првото тримесечје, скенирани се вкупно 49,9 милиони фискални сметки со остварен промет од вкупно 21,9 милијарди денари со вкупен ДДВ од 2,2 милијарди денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.