Во време на епидемија и вонредна состојба кога платите на раководителите се намалени на 14.500 денари надвор од умот е идејата што ја промовираше еден просветен работник. Имено, станува збор за скандал во битолското основно училиште „Коле Канински”, каде директор е Зоран Мирчевски, а професорот Никола Петровски ги повика останатите вработени да соберат по 100 денари за директорот да зема „ пристојна“ плата.

Дегутантно и на работ на етиката е ваквото однесување. Тешко, нас, почитувани, откако на чело со Градоначалничката си ги вработија првин своите најблиски роднини – браќа, сестри, синови и ќерки, го приватизираа и партизираа образованието, сега на суптилен начин не притискаат нас вработените во битолското образование, буквално рекетирајќи не, да им обезбедат “пристојни” плати на своите директори. Срамота, откако сакаа да не донесат на минималец, не се откажуваат на било кој начин да не оштетат финансиски.

Невидено, навистина, СДСМ, на сите ни е доста од Вас, од Вашето безумие, а да бидеме искрени и не ни е ни најмалку грижа за Вашите “социјални” случаи, во време кога граѓаните, Битола, Македонија и светот, се исправени пред досега најголемите и најсериозни, пишува порталот Безистен.

Откако ваквиот апел ја разбранува јавноста поради небулозноста, Петровски на својот фејсбук профил се обиде да се оправда.

Но, прашањето кое се поставува е следно: Дали истиот овој професор кој говори за солидарност, некогаш повикал на солидарност кон оние кои во училиштето цел живот земаат плата од 14.500 денари? Петровски обвинува на несолидарнист, но дали тој или директорот некогаш дале на оние од школото што земаат минимални плати?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.