Претставниците на синдикалните организации во Македонија велат дека нивните членови се бесни и незадволни од Венко Филипче, министерот за здравство и најавуваат бунт против присилната вакцинација.

Филипче вчера ја соопшти одлуката на Комисијата за спречување на заразни болести која поднесе предлог до Владата сите вработени во јавната администација и локалната самоуправа за влез на работното место да прикажат потврда за примени две дози вакцина против ковид-19, сертификат за прележана болест не постар од 45 дена или негативен ПЦР тест направен на сметка на работникот. Вакви мерки се предложени и за приватниот сектор.

Благоја Ралповски, лидерот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), се жали дека новите мерки против ковид-19 предизвикале големо незадоволство кај нивните членови и ако власта остане на ставот да ги воведе, ќе се соочи со протести. Синдикалците предлагаат со стимулативни мерки за да се поттикне имунизацијата, а во спротивно нема да може да се контролира незадоволството, затоа што нема да се дозволи ниту еден работник да остане без работа.

Новите мерки, според здравствените власти, треба да ги намалат последиците пред заканата од нов ковид бран, во кој се предвидува дека може и двојно да се зголеми бројот на заразени од опасниот вирус, дополнително ги поделија ставовите на граѓаните – голем дел од јавноста ги поддржува, но се на удар и на силни критики, па дури и се толкуваат како мерки за присилна вакцинација, иако е неизвесно кога ќе почнат да се спроведуваат, пишува „Плусинфо“.

И дел од стручната јавност се сомнева дека на ваков начин ќе се зголемува бројот на вакцинирано население и дека ќе се постигне заштита на здравјето на граѓаните.

– Телефоните буквално прегореа, експлодира незадоволството. Илјадници прашања од вработените „зарем ќе го дозволите тоа?“, „ќе нè избркаат ли од работа по 30 години стаж?“ … Револтот е голем. Власта вели дека се спроведуваат исти мерки како и во Хрватска и во Србија, а сите знаеме што се случуваше таму и како тамошните власти заедно со синдикатите одеа на терен, спроведуваа едукативни кампања, имаа стимулативни мерки, имаа меѓусебен дијалог. Им објаснија на луѓето што се во недоумица за вакцините. А кај нас трчаа по провизии. Во Македонија нема ништо од тоа, настрана што во земјите со кои нè споредува министерот Филипче, тестирањето е бесплатно. Ние не сме антиваксери, но имаме многу наши членови кои се во недоумица. Ако останат на овие мерки донесени без анализи, кампањи и скрининзи ќе бидеме принудени на протести – вели Ралповски.

Стопанската комора на Македонија вчера побара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, сметаат тие, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.

Спротивно на ова барањето на Комората, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) смета дека се кршат основните човекови права и затоа бараат Владата, како што вели Ралповски, да размисли пред да ги донесе.

Тој објаснува дека трошоците за ПЦР тестовите не можат да ги платат работниците, затоа што над 80.000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата, која не е доволна да се преживее.

Можеби ќе ве интересира
ПАНОВСКИ ГИ ПОСОЧИ НЕЛОГИЧНОСТИТЕ НА МЕРКИТЕ Добро бе…

Стојанка Митреска 18/11/2021
МОЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ, АМА ТОА Е СПРОТИВНО НА…

Плусинфо 17/11/2021
Против најновите предлози е и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила.

И Сојузот на стопански комори (ССК) е против задолжителна вакцинација за вработените во приватниот сектор.

– Нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и со навремено обезбедување на повеќе видови вакцини и релевантни информации за нивната безбедност – наведува ССК.

Хрватска пред референдум против вакцинацијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.