Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) почна со штрајкот, па пред Собранието на Република Македонија во Скопје беа поставени 120 столчиња.

Членовите на ССМ бараат линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор од 2023 година.

Работниот процес нема да го прекинат само 10 отсто од вработените, кои ќе работат на итните случаи, додека останатите ќе го одржат штрајкот.

Најавија дека штрајкот продолжува и следните денови, па така планираат утре пред Владата да постават 21 столче за секој министер, а потоа штрајкот продолжува пред Министерството за финансии.

Столчињата ќе стојат пред институциите од 10 до 14 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.