Не помина ни еден месец откако новата министерка за финансии Нина Ангеловска го претстави својот нов тим пред јавноста, меѓу кој и Анја Марија Макеска, а таа веќе решила да си замине од ресорот за финансии, дознава Фактор.

Ана Марија Макреска беше најавена како координатор на социјални медиуми и односи со јавност, како и да се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за работата на Министерството за финансии.

Според информации на Фактор, Макреска, која уште неколку дена ќе остане во Финансии, си заминува од приватни причини од едно од најзначајните министерства во земјава. Сè уште нема официјална потврда на оваа информација.

Медиумите имаа забелешка на изборот на Ангеловска, лице кое работело како телефонистка да раководи со секторот односки со јавност на едно од најзначајните министерства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.