Секој млад човек има потреба да се осамостои, да започне свој живот и кариера, но постојат голем број фактори што одлучуваат на колку години ќе може да замине од домот на родителите. Европската статистика покажува дека младите во Шведска најрано решаваат да заминат од домот на своите родители и тоа на 18,5 години или веднаш штом станат полнолетни. Од друга страна, Црногорците дури на скоро 33 години го напуштаат домот на своите родители и почнуваат да живеат сами.

Според податоците на Еуростат, пет земји во коишто младите порано си заминуваат од дома: Шведска (18,5 години), Луксембург (20,1 години), Данска (21,1 година), Финска (22 години) и Естонија (22,2 години). На дното на листата се наоѓаат овие пет земји: Црна Гора (32,8 години), Хрватска (31,8 години), Северна Македонија (31,7 години), Словачка (30,9 години) и Малта (30,7 години).

Според ова може да се забележи дека жителите на Скандинавија стануваат многу посамостојни, за разлика од младите на Балканот кои подоцна почнуваат да живеат сами.

Извор: Бизнис Инфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.