По објавувањето во Службен весник, стапи на сила новата Уредба со законска присила за примена на Законот за работните односи која беше донесена од страна на Владата.

Со новата Уредба за законска сила за примена на Законот за работните односи, која на 04.04.2020 беше објавена во Службен весник, уредено е користењето на неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година и првиот дел од годишниот одмор од тековната 2020 година.

Според Уредбата, работниците вработени во приватниот сектор опфратени од временските мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавиурс COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

Што се однесува на новиот одмор, во членот 3 од Уредбата стои: за работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштите од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.