Уставниот суд во среда ќе одлучува дали и фирмите штедачи во Еуростандард банка ќе добијат обештетување. Од Здружението на оштетени штедачи ги повикаа уставните судии да ја прифатат нивната иницијатива. Со неа бараат да се укине членот од Законот за банки со кој државниот Фонд за осигурување на депозити има предност во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица. Со ова освен 2.000 фирми депоненти во Еуростандард кои не добиле ниту денар, пари нема и за близу 800 граѓани со депозити над 30.000 евра.

„Уставните судии при одлучувањето да се сконцентрираат на Устав и закони, бидејќи само тоа може да гарантира дека ќе донесат одлука со која ќе потврдат заложби за владеење на правото, но и на граѓански суд и на здрава логика“, изјави Мира Беќар од Здружението на оштетени штедачи “Правда за штедачи”.

Од Здружението потенцираат дека земјава е единствена во Европа и пошироко каде фирмите не се обештетуваат, а сите средства без разлика како се нашле на сметка се сметаат за депозит.

Фондот заземајќи некоја улога да обештети дел од граѓаните , тоа го прави на наш грб, на оние кои не се целосно обештетени. Не на сметка на сопствени средства, државни, туку на сметка на останати кои не се целосно обештетени“, изјави Иван Брзовски од Здружението на оштетени штедачи “Правда за штедачи”.

Предлог законот кој требаше да им обезбеди целосно обештетување на штедачите од државата, заглави на собраниска комисија.

На почетокот на месецов Обвинителството отвори истрага против Трифун Костовски неговиот син и уште двајца раководители во Еуростандард банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.