Здружението на оштетени штедачи од „Еуростандард“ реагираат на Во паушално соопштението на Народната банка со коешто се оградува од сите дејствија кои ги наведовме, направени од гувернерката Бежоска, таа и понатаму површно изјавува дека е се направено како што треба во случајот со Еуростандард банка. Ова е едно од многуте соопштенија во кои гувернерката Бежоска свесно избегнува да одговори на конкретни прашања. Напротив, таа продолжува да сее магла и се обидува да не лаже нас односно народот кој скапо ја плаќа.

Тие повторно ја прашуваат гувернерката Бежоска како е можно да речиси 60 милиони евра исченат од банката на денот на нејзиното затворање? Како е воопшто возможно околу 60 отсто од кредитното портфолио од физички и правни лица во банката да бидат ненаплатливи или тешко наплатливи кредити, пари од нашите депозити кои се дадени на вересија за да не се вратат. Каде ни се нашите депозити ако се било направено како што треба?

Извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски констатира дека се делеле многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити, а пред се поради лошо управување со кредитното портфолио поради непостоење или целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик, некомпетентност на одговорните лица односно извлекување на пари од Еуростандард банка преку доделување и одобрување на кредити без соодветни гаранции. Вкупните средства на банката биле прилично под границите на несолвентност. Во банката биле констатирани и големи кредити доделувани на групации од поврзани фирми или повеќе кредити од различни фирми кои имале едно исто покритие. Како гувернерката Бежоска ги оценила сите овие ненаплатливи кредити? Како го оценувала кредитниот ризик на кредити во милиони евра за кои фирмите не платиле ниту една рата со години а биле без или со мало покритие?

На интервју на телевизија Телма на 6 мај минатата година, гувернерката Бежоска изјави: „Нетреба да постои никаква грижа кај граѓаните за нивните депозити“. Каков заклучок носи оваа нејзина изјава како прв човек на Народна банка, институцијата која гарантира за безбедноста и сигурноста на нашите депозити? Зошто вакви лажни изјави од гувернерката Бежоска давани свесно до нас депонентите, а да веќе на 1 јуни минатата година таа го има спремено решението за отворање на стечај на Еуростандард банка? Гувернерката Бежоска јавно не лажеше, свесно не донесе во заблуда и не измами за да целиот наш доверен капитал во банката биде покраден и ние сега бидеме целосно оштетени.

Гувернерката Бежоска вели дека сите релевантни меѓународни финансиски институции и домашни експерти посочиле дека Народната банка постапила соодветно и навремено во случајот на Еуростандард банка. Доколку гувернерката Бежоска постапила соодветно и навремено, немало да има речиси 60 милиони евра покрадени и поделени пари. Ако имало некои пропусти во работењето на банката, сега ќе недостасувале 1-2-3 милиони евра, а не огромна сума на покрадени пари од депозитите на граѓани и фирми. Ниту докапитализацијата не ја спасила банката од пропаст поради огромниот организиран криминал и грабеж толериран од гувернерката Бежоска. Да имало наврамена реакција во прекинување на масовниот грабеж во банката пред неколку години, денес немаше да има околу 3.000 семејства кои ги изгубија своите доверени лични средства во целост во финансиска институција која е законски контролирана од Народна банка предводена од гувернерката Бежоска.

Во извештајот за стечајот на банката се констатира некомпетентност на одговорните лица. Зошто гувернерката Бежоска добро знаела но не ги одземала лиценците на лицата од банката кои го организирале и спроведувале овој криминал преку издавање непокриени кредити со години? Зошто кога констатирала злоупотреби и кражба на пари кои почнале да се случуваат во банката пред повеќе години, гувернерката Бежоска не поднела кривични пријави за злоупотреба на службена должност и овластување на раководните лица од банката?

Зошто гувернерката Бежоска не вовела администрација на банката пред да одлучи да ја затвори истата односно да прогласи стечај? Ако состојбата на банката била лоша, зошто одлука за администрација на банката не била донесена пред неколку години за да имало потенцијал и можност да се спаси истата односно да се заштитат депозитите на граѓаните и фирмите? Ако се знаело дека банката лошо работи и управува, зошто не се преземал тој чекор согласно закон туку се чекало да штетата биде непоправлила и директно се затвори банката.

Гувернерката Бежоска тврди дека навремено ги известила државните органи кои имаат надлежност за перење пари и финансирање тероризам, кражба на депозити, проневери и останати злоупотреби. Зошто гувернерката Бежоска свесно избегнува да наведе кои државни институции ги известила и кога, за да знаеме кои институции не реагирале а биле законски обврзани да го направат тоа? Ако е сето тоа вистина, зошто гувернерката Бежоска не реагирала со време и кога увидела дека овие институции не преземаат никакви активности за кои се надлежни туку ги оставила раководните лица во банката да продолжат да крадат? Кои биле мотивите на гувернерката Бежоска да така се однесува?

Избегнување на конкретни одговори за сите овие направени злоупотреби нема да ја спаси гувернерката Бежоска од кривична одговорност. Нема да дозволиме да бидеме покрадени, излажани и измамени затоа што првиот човек на Надорната банка учествувал во организираниот криминал заедно со позната група на криминалци од банката кои соработувале меѓусебно. Со вакво штетно работење и однесување на гувернерката Бежоска, случајот со Еуростандард банка може многу лесно да се повтори во други банки и да ги оштети депозитите на многу наши сограѓани. Најмалку што може да очекуваме е оставка и брзо заминување на гувернерката Бежоска од местото прв човек на Народна банка. Секако, таквиот морален чин, доколку таа го направи, нема да ја поштеди од кривичен прогон. Одговорност мора да има и парите да ни се вратат. Тоа сме убедени дека ќе се случи во соодветно време и околности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.