Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Сите банки и Стопанската банка – Скопје како и другите банки се стабилни, истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата.

Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Деновиве овие шпекулации што излегуваат навистина се со зла намера да наштетат на депозитната база и на банкарскиот сектор. И најголемата банка Стопаска банка во Скопје и другите банки се стабилни и финансиски ликвидни – изјави Заев.

Тој наведе дека позитивни трендови се утврдени во кредитирањето на населението и стопанството. Како што рече во февруари вкупните кредити се зголемија за 4,4 отсто на годишна основа, во услови на раст за кредитите за домаќинствата за 7,1 отсто и за раст на кредитите кон компаниите од 1,4 отсто. Вкупниот депозитен потенцијал во февруари оствари годишен раст од 7,1 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.