Додека СДСМ го рализираше големиот проект – парите кај граѓаните, ВМРО ДПМНЕ беше против секоја идеја и секој предлог парите да се вратат во семејните буџети, изјави денеска Радмила Шекеринска, носител на ИЕ 5 од коалицијата „Можеме”.

– Мицковски и ВМРО ДПМНЕ покажаа дека единственото нешто за кое што се грижат претходните 11 години е како да обезбедат повеќе пари за нив и за нивната партија, па и по цена младите во континуитет да ја напуштаат нашата држава. Затоа на 15 јули изборот навистина е едноставен – тоа е избор помеѓу шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО ДПМНЕ. Во изминативе 3 години навистина имавме фокус како да помогнеме младите луѓе полесно да дојдат до подобро работно место. Затоа само за 2,5 години стапката на невработеност кај млади лица падна од 48,6% на 35,3%, изјави Шекеринска.

Тука не застануваме потенира Шекеринска, и додаде дека стапка мора да оди надолу.

– Тоа ќе го правиме и ќе успееме во тоа само ако обезбедиме и пари и политики кои што ќе отвараат нови работни места, подобро платени, со подобри услови за работа. Со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 година веќе обезбедивме 1,3 милијарди денари.  Тоа значи директна поддршка на младинското и женското претприемништво кое што подразбира грантови за млади и жени во висина од 5 000 евра до 15 000 евра. Тоа во исто време ќе значи и поврат на персоналниот данок на сите нововработени до 29 години во првите две години од нивното ново работно место, рече Шекеринска.

– Овие пари ќе ги плаќаат работодавачите во буџетот а ние ќе ги вратиме директно назад на сметка на младите до 29 години.Во поранешното „Македонско село“ќе формираме старт ап село, или старт ап вилиџ, кое штоќе нуди физички простор за сите млади кои планираат да почнат со бизнис или веќе почнале со бизнис. Тоа ќе им ги намали трошоците за работа и ќе им даде шансинавистина да го развијат својот бизнис. Ќе продолжиме со мерката со која даваме поддршка од 3 000 денари за секој млад до 23 години кој што со завршено средно образование заминал да работи во производство, потенцира Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.