Министерството за одбрана, со кое раководи Радмила Шекеринска за овогодинешната потрошена струја ќе му плати на се уште актуелниот вицепремиер задолжен за економски прашања во владата на Заев, Кочо Анѓушев, 1.600.000 евра, покажува сајтот на Бирото за јавни набавки.

На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев да замине од Владата, Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка со Друштвото за трговија и услуги ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС ДООЕЛ Скопје, односно ЕДС на Кочо Анѓушев. На тендерот имало 4 понуди, а го добила фирмата која ја дала најниската цена – фирмата на Анѓушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.