Минималната плата годинава ќе биде над 15.000 денари, вели министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска. Таа додека дека минималната плата годинава ќе биде 15.194 денари.

„За три години имаме пораст на минималната плата за 6.000 денари. Пораката која сакаме да ја испратиме е ние навистина се грижиме за работниците и во услови на најтешка пандемија ние ги правиме согласувањата кои се согласно со закон. Во текот на целата година со носењето на сите пакети финансиски мерки сакавме да ја подржиме економијата и да го зачуваме секое работно место кое беше основен приоритет“, рече Шахпаска на Телма.

Таа вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите. ССМ бара минималецот да биде колку 60 отсто од просечната плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.