Црните сценарија од 90-тите се репризираат во денешницата…
Масовни отпуштања од текстилната индустрија во Свети Николе и источниот регион, додека моќниците на СДСМ се луксузираат и ги лажат работниците дека пак ќе дојдат до корка леб….
БОЛНАТА РЕАЛНОСТ:
1.Масовно напуштање и креирање стечајци
2.Лажење дека ке им се решат проблемите, додека власта го одбива амандманот за помош на текстилната индустрија
3.Повикување на состаноци каде ќе се нудат паушални и политички решенија
4.Креирање на нула работни места потпомогнати од локалната власт

И сегашната ситуација во текстилната и кожарската индустрија во земјава е загрижувачка. Стотина семејства од „Баргала“, близу 300 семејства од „Мода“, над педесетина семејства од „Алкон текс“ останаа без егзистенција овој месец, во Виница беше поделена плата од 100 денари.

Се очекува до крајот на месецов уште илјадници вработени во текстилната индустрија да добијат откази, а главната причина е драстично намалениот обем на работа поради малите или стопирани нарачки од странство. Ваквата ситуација започна уште минатата година поради ковид кризата и затворањето на пазарите, но иако годинава има делумно стабилизирање на економиите, сѐ уште нема нарачки за текстилни производи кај македонските фирми, кои скоро целосно се ориентирани кон извоз. Загубата од економската криза голем дел компаниите го гледаат во намалувањето на трошоците за работа, преку откази на вработените или технолошки вишоци. Според најавите ваквата ситуација ќе потрае уште најмалку една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.