Секојдневно, не само што растураме семејни веселби туку поднесуваме кривични пријави, вели првиот човек на полицијата Оливер Спасовски на новинарско прашање колку интервенции имало Министерството за внатрешни работи кога станува збор за кршење на мерките за заштита од ковид-19 во угостителски објекти.

Јас истакнав благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките, тоа се околу 90 отсто од граѓаните. Секогаш има десет проценти што мислат дека најмногу тие знаат и само тие го прават тоа што треба да се прави. За тие има санкции. Секојдневно, не само што затвораме и растураме семејни веселби туку поднесуваме кривични пријави и за тие ќе има одговорност, нема да има толеранција. Секаде, дали во Тетово, Куманово, Скопје, Источна Македонија, секаде каде што има такви состојби“, рече Спасовски и  апелираше сопствениците на угостителски објект да не го гледаат профитот пред здравјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.