Во времето на Владата на Заев растот на БДП на Македонија е два и пол пати помал во споредба со БДП на ЕУ, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Економски магазин“ на Алсат-М.

Просекот во првите три години на ВМРО-ДПМНЕ е 5.17% кога БДП во ЕУ расте со просечна стапка од 2.2%. Во 2017 и 2019 година од владеењето на СДСМ просекот на ЕУ на БДП е 2.2% идентично, но просекот на БДП во Македонија е два и пол пати помал од првите три години на ВМРО-ДПМНЕ, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде ако се гледа таквиот начин на споредување може да се забележи дека Македонија има два и пол пати помал раст на БДП од потенцијалот кој што го има македонската економија. И тука може да се забележи „добрата“ економска политика на Заев и неговата влада.

Четвртиот квартал од 2019 година на економски план ќе биде катастрофален, предвидува тој.

Запрашан на што ги темели своите предвидувања Мицкоски вели:

Погледнете го индустриското производство, погледнете го движењето во преработувачката индустрија, погледнете го земјоделството, туризмот, секаде имате пад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.